ЗНМ, ОЈО и МВР - Зајакнување на заедничките напори кон постигнување на поголема безбедност на новинарите и медиумските работници
Медиумските здруженија очекуваат зголемени напади во текот на предизборието врз новинарите. Тврдат дека такви тенденции се покажуваат на социјалните мрежи.
Претседателот на здружението на новинари на Македонија изјави дека со почетокот на изборната кампањата веќе е почнато со онлајн закани кон новинарите.
„Со почетокот на камањата веќе видовме задолжителен трент на онлајн закани, онлајн напади, онлајн малтретирање на новинарите, но и на новинарките би потенцирал уште повеќе на новинарките бидејќи во овааа свера тие се по подлпжни на напади со оглед на свесноста на нашето општество.“ - изјави Младен Чадикоски претседател на ЗНМ.
Од МВР велат, за нападите врз новинарите брзо и навремено се реагира, посочија дека нападот врз новинарот е напад врз службено лице, посочуваат дека Македонија е најзаштитена земја во регионот за нападот врз новинарите.
„Македноија е најбезбедна земја за новинарите во регионот.Нема никаква толеранција за било каков напад врз новинар.Да се пријавуваат тие случаи и многу е важно што побрзо да се пријават за да можеме што побрзо и ние да реагираме. Она што се факти во последниот период е дека скоро сите случаи кои што се пријавени особено за физички напади се расчистувани за ден два.“ - изјави Тони Ангеловски Портпарол на МВР.
Во регистарот на ЗНМ кој што е јавно достапен има пет посериозни физички повреди и закани кон новинарите за минатата година од кои што во два веќе имало правосилна пресуда во полза на новинарите.