ЗНМ и ССНМ: Осуда за нападот на новинарската екипа на Ал Џезира во центарот на Скопје
Foto

ЗНМ и ССНМ: Осуда за нападот на новинарската екипа на Ал Џезира во центарот на Скопје

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) го осудуваат нападот кон новинарската екипа на Ал Џезира и бараат од МВР да го санкционира напаѓачот за кој има и јавно достапна снимка од настанот.

На протестот кој денеска во центарот на Скопје го организираше политичката партија ВМРО ДПМНЕ, од страна на непознато лице, новинарската Милка Смилевска и снимателот Јорде Ангеловиќ од медиумот Ал Џезира биле нападните и попречени во вршење на своите професионални новинарски обврски. Според видеата и изјавите на новинарката во врска со инцидентот, непознато лице откако прашал од кој медиум се истото имало физички контакт со нив и микрофонот на новинарката бил бутнат на земја.

Новинарската Смилевска на лице место го пријавила инцидентот на службеник од МВР по што, за сега непознатото лице, било тргнато на страна а од службеникот било укажано дека соодветна прекршочна пријава ќе биде поднесена кон напаѓачот.

Ваквиот однос кон новинарите кои се на работна задача на терен е неприфатлив и потребно е да биде строго казнет од страна на Министерството за внатрешни работи затоа што насилството кон новинарите е неприфатливо во демократски земји. Доколку ваквите инциденти се толерираат во иднина има ризик да се охрабрат нови посериозни насилства кон новинарите а со тоа дополнително да се загрози нивната безбедност, правото на слобода на изразување како и правото на информирање на граѓаните.

0 Коментари

Остави коментари