ЗНМ и ССНМ: Меѓународен ден за прекинување на политика на неказнивост на насилство врз новинарите
На меѓународниот ден за ставање на крај на неказнивоста на нападите врз новинарите ЗНМ и ССНМ со порака од пред обвинителството да прекине праксата на неказнивост на насилниците кон нападите врз новинарите, осврнувајќи се на нападите кон новинарите од 27 април и побараа секој напад врз новинарите да се смета како напад врз службено лице.
Новинарите кои беа нападнати за време на известувањето од Собранието на 27 април се пожалија дека нападите врз новинарите не добиваат судска разрешница.
Безбедноста на новинарите и медиумските работници е предуслов за професионалното вршење на новинарските обврски и за објективното и навремено информирање на граѓаните.