ЗНМ додели новинарски награди за конкурсот за справување со загадувањето на воздухот
Foto

ЗНМ додели новинарски награди за конкурсот за справување со загадувањето на воздухот

Поради предизвиканата гледаност и рекации од страна на институциите, новинарската содржина изработена од страна на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) го освои првото место на денешното доделување на наградите од конкурсот на тема „Справување со загадувањето на воздухот - зајакнување на јавната свест за проблемите и можните решенија“. Проектот има цел зајакнување на координацијата меѓу сите одговорни страни со цел да се надмине проблемот со загадувањето на воздухот и загадувањето воопшто.

- Ние во ИРЛ сме фокусирани сме на креирање на иновативни медиумски содржини иако екстремно ја почитуваме старата школа сметаме дека треба малку повеќе да се отвориме кон новото време кон новите предизвици, бидејќи нашиот главен фокус на работата и на овој документарец беше како да креираме импактна содржина не е доволно новинарите да го направат само најдоброто истражување, важно е како ќе ги сервираме тие податоци за да имаме влијание, истакна претставникот на репортерската лабораторија кој ја прими наградата.

Второто место му припадна на Бојан Шашески од МОФ за истражување кое се однесува на напуштениот рудник во Лојане кој не работи, но загадува околу себе, додека трето место место го освои Христина Ѓорѓиевска од „Види вака“ за серијалот „Заробените бели дробови на градот“ во кој акцентот е ставен на бетонирање на јавното зеленило.

- Загадувањето во земјава е во тесна коорелација со корупцијата, во спрега со моќниците, а последиците ги трпиме сите. Ако ние новинарите сме гласот на јавноста за која работиме тогаш сум сигурен дека во следниот период многу посуштински ќе треба сите да се занимаваме со овие теми и на еден начин за во иднина да можеме да кажеме дека навистина влијаеме во општеството и им служиме на граѓаните на најдобар можен начин, изјави претседателот на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), Младен Чадиковски.

На доделувањето на наградите покрај претставниците од ЗНМ и комисијата ,присуствуваа и амбасадорката на Шведска во државава, Кристин Форсин Бејнстон и постојан претставник на УНДП, Армен Григоријан.

Амбасадорката Бејнстон потенцира дека чистиот воздух е пресуден и суштински за човештвото, нагласувајќи дека аерозагадувањето е проблем кој во Европа предизвикува дури и до 400.000 предвремени смртни случаи.

- Пред неколку години Скопје, Тетово и Битола беа рангирани како најзагадените градови во светот, потребно е неодложно дејствување и итен приоритет за сите фактори и чинители во општеството аерозагадувањето може да се спречи и кпонтролира и тоа е најважната стратегија за одење во иднина. Шведска дава поддршка и помош за намалување на аерозагадувањето како во светот, така и во Македонија преку рамката за развојна соработка, рече шведската амбасадорка.

Наградите во име на Комисијата за избор на новинарските текстови ги додели Горан Михајлоски, кој истакна дека одлуката за наградите била едногласна. Тој воедно се осврна на проблемите со кои се соочува новинарстовот во државава кога станува збор за изработката на  истражувачките текстови.

- Повторно се доведовме во ситуација речиси сите стории да се направени од независни новинарски проекти кои што се спонзорирани од странски донатори, што повторно укажува на тоа дека поголемите редакции не посветуваат внимание на истражувачкото новинарство, а помалите во битката за кадар и финансии едноставно не можат да се посветат толку, заклучи Михајлоски.

Дополнително, покрај трите награди, Азрен Челику доби благодарница поради креативнитата серија видеа, во кои како автор му пристапува на проблемот со аерозагадувањето преку најмладата популација, децата.

Конкурсот на тема „Справување со загадувањето на воздухот зајакнување на јавнта свест за проблемите и  можните решенија како да се подигне свеста за постоечкиот проблем и најдобрите начини за негово решавање“ беше објавен од ЗНМ во соработка со програмата за развој на ОН.

0 Коментари

Остави коментари