ЗНМ: Бараме итна реакција на МВР и обвинителството за нападите на новинари

Медиумските работници, кои во изминатиот период доживеја навреди, напади и вербални малтретирања, бараат итна реакција од надлежните.

ЗНМ денеска побара од министерството за внатрешни работи и обвинителствата веднаш да постапуваат по тие случаи.

Во текот на изминатите недели имало повеќекратни тешки навреди, напади и исвиркувања, загрозување на личниот и професионалниот живот на новинарките и новинарите. Од ЗНМ алармираат - креираната атмосфера е предупредувачка и мора веднаш да престане.