ЗНМ бара од обвинителството да го повлече обвинението против Кежаровски
Foto

ЗНМ бара од обвинителството да го повлече обвинението против Кежаровски

Јавното обвинителство да го повлече обвинението против новинарот Томислав Кежаровски ,бараат од Здружението на новинари, кој велат дека до крај ќе инсистираат на правичност на судот. Оттако Врховниот суд ги укина пресудите на Кривичниот и Апелациониот суд и го врати предметот на повторно судење, од ЗНМ потенцираат дека е време, сторената неправда да се исправи и да се покаже дека иснитуциите во државата имаат капацитет да овозможат амбиент во кои новинарите и медиумските работници ќе можат слободно да работат во интерес на јавноста. 

Новинарот Томислав Кежаровским кој пет месеци помина во притвор во истражниот затвор во Скопје, а потоа беше во домашен притвор, истакна дека очекува правично судење и се заблагодари на подршката на ЗНМ

Кежаровски во 2013 година беше осуден за откривање на идентитетот на заштитениот сведок во случајот „Ореше“, со што според судот му го загрозил животот. Во однос на откривањето на иднетитетот на зашитниот сведок , Кежаровски неколку пати изјави дека тој е жртва и колотерална штета за да се сокрие самооткривањето на сведокот. Од Кривичниот суд беше осуден на казна затвор од 4 години и шест месеци, а потоа Апелација му ја намали казната на две години. Тогаш еден од адвокатите за случајот Ликвидација изјави дека Кежаровски бил осуден поради истражувањето на смртта на сопственикот на „Фокус “, Никола Младенов.

0 Коментари

Остави коментари