ЗНАМ: Со усвојувањето на интерпелацијата, Даути е разрешена и таа повеќе не може да ја извршува функцијата 

 

За движењето ЗНАМ – За наша Македонија сосема е нејасно на што се темели соопштението од Кабинетот на претседателот на Собранието дека со изгласувањето на интерпелацијата не следува и разрешување на претседателката на Комисијата за социјална политика, демографија и спорт, Даути. 

Од вчерашната седница на собранието на која беше изгласана интерпелацијата за  Даути, за нас исходот е многу јасен. Собранието утврди одговорност кај Даути, таа несомнено го прекршила деловникот, а санкцијата за прекршувањето на деловникот е разрешување за оној што го направил тој прекршок, велат од ЗНАМ. 

За движењето ЗНАМ – За наша Македонија, со усвојувањето на интерпелацијата, Илире Даути е разрешена и таа повеќе не може да ја извршува претседателската функција во работното тело на Собранието.