ЗНАМ и Левица ги претставија носителите на листи, Достоинство ја напушти владејачката коалиција
Официјализирани се листите и на останатите партии кои ќе го трчаат парламентарниот маратон. Партијата „Знам-за наша Македонија“, денеска на конвенција во Скопје ги претстави носителите на листите. Изборна единица 1, ја предводи Бобан Карапејовски-професор на Филолошкиот факултет на УКИМ и член на извршниот одбор на Движењето Знам. Носител на изборна единица 2 е Даниел Стојчевски, м-р по кривично право, носител на тројката Павле Арсовски, генерал-мајор во пензија. Миле Цеков ја предводи изборна единица 4, Весна Бендевска ќе ја предводи изборна единица 5, а носител на шестката е Небојша Захариевски.
Додека пак, лидерот на Левица Димитар Апасиев ќе биде носител на изборна единица 1, двојката ќе биде предводена од Амар Мециновиќ портпаролот на партијата, носител на изборна единица 3 е Борислав Крмов пратеник во Собранието, носител на изборна единица 4 е Сашко Јанчев, Јована Мојсоска ќе ја предводи петката, а носител на изборна единица 6 е Игор Димески.
Во меѓувреме, Стојанче Ангелов лидерот на „Достоинство“ ја напушта коалицијата со СДСМ и преминуваат кон опозициска коализија предводена од ВМРО ДПМНЕ . Главните причини за напуштање се неисполнувањето на главните барања на партијата, односно нивните иицијативи за обештетување на 10-тина воени инвалиди и 15-тина семејства на загинатите бранители иако декларативно имале поддршка од СДСМ сепак заради противењето на ДУИ не поминувале во законодавмиот дом.
Во албанскиот блок, ДПА едногласно го одобри предлогот на Мендух Тачи за учество во коалиција на ДУИ. В понеделник во Тетово, ќе биде потпишан договорот за соработка меѓу ДПА и ДУИ, според најавата на Тачи.
Претседателката на ДОМ, Маја Морачанин, со одлука на централниот одбор на партијата е избрана за кандидат за пратеник од ДОМ, на шестата позиција во првата изборна единица, на заедничката листа на коалицијата предводена од СДСМ.
Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски, вчера ги објави носителите на претеничките листи на партојата, на 28-от конгрес и истакна дел од програмата на СДСМ за престојните избори.