Злоупотреби во Агенцијата за млади и спорт

Парите од Агенцијата за млади и спорт наместо кај спортистите завршувале за плати и паушали за раководните лица во спортските федерации.- утврди ревизијата.

Ревизорите дадоа неповолно мислење за вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи за минатата година за Агенцијата за млади и спорт со која раководи Наумче Мојсоски. 

Утврдиле дека кај две спортски федерации за две лица се исплатени над 41.000 евра на име годишни плати, кои биле над половина од вкупниот износ кој го добиле од Агенцијата за спорт. Кај друга федерација имало повеќекратни исплати во вкупен износ од речиси 4.900 евра на генерален секретар на Федерацијата Друга пак спортска федерација  на претседателот и генералниот секретар им давала паушални месечни исплати за учество во проект без Одлука и Извештај за спроведениот проект. Нив и на 4 други лица од федерацита им се исплатени речиси 35.000 евра.

- За едно од овие лица утврдивме дека постои конфликт на интереси со вработен во АМС на работни задолженија непосредно поврзани со распределбата на средствата кон НСФ , а кај две НСФ утврдивме дека од средствата за оваа намена извршени се и исплати на регрес за годишен одмор.- стои во ревизорскиот извештај на ДЗР.

За злоупотребите знае и првиот човек на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсоски. Вели пари од федерациите се злоупотребувале  цели 15 години. Документите ги испратиле до Финансиската полиција и до организиран криминал. 

Ревизорите пак констатирале неправилности и кај парите кои се исплатени за поддршка на млади и талентирани спортисти “Спортска надеж” како и за ваучерите ваучери за спорт. Утврдиле и дека 

спортска федерација потрошила над 16.000 евра за топки кои ги платила 2 до 4 пати поскапо од пазарната цена. А се сомневаат и во фактурата од над 10.000 евра за 36 лица по подготовка на еден олимписки кандидат за Токио, зашто немало објаснување за улогата на 35 лица во подготовката на кандидатот.