Злоупотреба на религијата

Освен економски други импликации од војната на Блискиот исток кај нас засега не се чувствуваат. Меѓуетнички тензии нема, а релациите меѓу верските заедници во земјава се на највисоко можно ниво вели директорката на Комисијата за односи со верските заедници Оливера Трајковска.

Но она што загрижува е  што религијата се повеќе се злоупотребува во воени цели и тероризам што е спротивно од она на што таа учи истакнуваат од научната фела.

Религијата дијалогот и соработката се темита на Третата светска конференција за религиски дијалог која се одржува во Крушево на која дебатираат еминентни професори од земјава Европа и светот, а поентите од истата ќе бидат впишани во декларација која ќе се достави до релевантните домашни и странски институции. Конференцијата е во организација на Центарот за интеркултурни студии и истражувања при Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.