Зимскиот распуст продолжен, второто полугодие ќе почне на 1 февруари
Лошата епидемиолошка состојба го одложи стартот на второто полугодие од 1 февруари кога наставата ќе продолжи со физичко присуство.
Владата на синоќешната седница го прифати предлогот на Кризниот штаб, а МОН информира дека одлуката нема да влијае на крајот на учебната година и таа со соодветна адаптација ќе заврши на 10 јуни.
Апелираме до родителите, наставниците и учениците и за време на продолжениот распуст максимално да се придржуваат до мерките и препораките за заштита од ковид-19, во домашни услови и на отворено.
Државата е фаза на нов бран со врв на зараза кој според епидемиолозите ќе се зголемува. Во последните две недели има 10 000 нови случаи, а за само една недела 1247 луѓе повторно с е заразиле, што е за 31, 8 % повеќе во однос на претходната недела. Досега има вкупно 3380 реинфекции , покажуваат анализите на Институтот за јавно здравје.
Хоспитализациите се зголемени за 25,1% , а на респиратори има 4 пати повеќе болни во однос на минатата недела. Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува извештајот на ИЈЗ.