Зиков за ТВ 24: Преговорите со Бугарија се ладна проба за тоа како Македонија ќе се хомогенизира и мобилизира во преговорите за ЕУ
„Сега тоа што го гледаме во однос на Македонија и Бугарија - не е само пакетот 5 + 1, туку проширување на рамката и воспоставување на некоја елементарна комуникација помеѓу двете општества, економии и политички сцени. Ова е нешто што ќе не следи и во преговорите за ЕУ со сите нејзини членки. Ова е една ладна проба како Македонија ќе се хомогенизира и мобилизира.“
Во однос на Бугарија, секогаш камен на сопнување е историјата, народот.
Нашиот проблем со Бугарија во голема мера е проблем на убедување од двете страни на границата. Најголем противник на искреноста не е лагата туку е убедувањето. И Бугарија и Македонија си имаат свои убедување креирани врз образовниот систем и креирани се две вистини. Јас сум скептик дека тој дел може да се реши брзо. Тука историската комисија ќе си работи.
Но, покрај ова има многу клучни теми кои треба да се разговараат и кои се од суштинско значење за граѓаните на двете земјите.“ - вели за Студио 10 Љупчо Зиков, аналитичар.