Зиков за „Студио 10“: Упадот на Левица директно ја компромитрира позицијата на ВМРО-ДПМНЕ
„Нема да претстои период од година дена во кој ке јадеме бурек, туку ние 32 години јадеме бурег. Ова се што се случува, ова вчера во Собранието.. па во побрутална варијанта имавме 27 април и тн. Сето ова влијае во сопствените партии односно нивното гласачко тело. Тоа е израз на немок. Веројатно пресметките се дека нема да направат доволен број на пратеници на следните избори. Поразително е дека во Левица се зачленуваат многу млади луѓе. Информациите се дека нивните членови се од помладата публика. И кога ке видите дека тоа се ултра левичарски ставови кои допираат и до ултра десничарски ставови, без нудење концепт на Македонија.. Има една опасна варијанта дека во периодот што следува, ако продолжи вака со бруталности веројатно ке имаме нова компонента во целиот изборен процес. Таа компонента ке биде политичка дестабилзиација. Конфронтација помеѓу партиите. Упадот на Левица директно ја компромитрира позицијата на ВМРО-ДПМНЕ. Тие треба малку да се оградат и да видиме како тие ке реагираат. Во минатото тие не успеаја да направат дистинкција појасна од Левица. Тоа ке оди во негативно конто на ВМРО-ДПМНЕ. Постои една линија во овие седум години од 2017 наваме. од 27 април да и кај ВМРО-ДПМНЕ, иако во последно време се потсмирени веројатно се спремаат за избори и кај Левица побрутално тој нагон да се произведе нов 27 април а тоа да биде обратно. Тоа се провокации. Никогаш не се одлепија од методите со кои претходно владееја.“ - вели за „Студио 10“ Љупчо Зиков..