Зијадин Села ги доби печатите од Алијанса за Албанците

Зијадин Села и официјално е претседател на Алијанса за Албанците. Основниот суд во Тетово донесе одлука  и пресуди  печатите од партијата да му припаднат на Села. 

Во образложението за донесеното решение, судот наведува дека е земен предвид членот 47 од партискиот статут во кој е наведено дека претседателот на партијата го разрешуваат две третини од присутните делегати на конгресот и оти од овие причини е прифатен предлогот за разрешување на лидерот на партијата Арбен Таравари. 

Ова е втор пат судот носи одлука во корист на Зијадин Села против Арбен Таравари кој тврдеше дека е правен застапник на партијата.