Зибери: Три години нула данок за секој под 35 години кој првпат се вработува
Foto

Зибери: Три години нула данок за секој под 35 години кој првпат се вработува

Кандидатот на ДУИ за премиер Насер Зибери денеска во паркот Чаир се сретна со младите на кои им ги презентираше младинските политики и заложби за првите 100 дена како премиер....„клучниот дел од мојата програма претставена за првите 100 дена е зајакнување на економијата и создавање можности за вас, и ова го испланирав преку серија мерки. Првично, ќе го намалиме на нула персоналниот данок за три години за секој кој првпат се вработува под 35-годишна возраст“ , истакна Зибери.

Кандидатот на дуи порача и дека Владата ќе субвенционира 50 проценти од социјалните придонеси во наредните три години за секое ново работно место, што ќе ја подобри „правичната и соодветна застапеност на сите етнички заедници во приватните претпријатија“.

0 Коментари

Остави коментари