Зибери од Крушево: Ќе бидам премиер за сите
Foto

Зибери од Крушево: Ќе бидам премиер за сите

Северна Македонија, оваа земја која што сите ја сакаме и ја нарекуваме татковина, поминала низ многу револуции и војни во минатото, борејќи се за независност, а исто се соочувала и со меѓуетнички тензии. Ние се боревме заедно против непријателите однадвор и се боревме едени против други, кога Албанците бараа еднаквост, изјави денеска кандидатот на ДУИ за премиер Албанец, Насер Зибери од Крушево.

Тој потсети на историјата на ова место, која содржи важни историски моменти како што е Илинденското востание, што претставува симбол на ослободувањето од Отоманската империја.

Во своето обраќање Зибери потенцираше дека иако борбите можеби биле неопходни – никогаш не е борбата таа што ќе носи успех, туку е секогаш мирот.

-Успешни сме само кога се бориме заедно, а не едни против други. Албанци, Македонци, Турци, Срби, Власи, Бошњаци и Роми. Можеби сме различни етнички заедници но споделуваме една татковина, споделуваме еден дом. Заедно, постигнавме мир, постигнавме влез во НАТО, а можеме да постигнеме и членство во Европската унија. Заедно, ќе го направиме животот во Северна Македонија подобар за сите граѓани и ќе создадеме една иднина со подобри можности за нашите деца, порача Зибери.

Меѓу друото тој се осврна и на, како што рече, борбата за ослободување од дуополната власт, поделена помеѓу ВМРО и СДСМ последните триесет години.

-Ова е студена политичка војна каде никој не победник. Но, едно е сигурно: Граѓаните, секогаш биле губитници, а ние сè уште сме заглавени во овој застарен политички систем, кој им служи само на политичките партии, а се заснова на поделба и омраза. Борбата против овој систем, борбата за ослободување од овој дуопол, е демократска, мирна и без насилство. Треба само да го искористиме нашето основно право на глас“ - рече тој.

0 Коментари

Остави коментари