Зибери: Институциите да го решат проблемот за околу 400 „невидливи лица“

По 13 години голгота во административните лавиринти, без лични и здравствени  документи   девојче од Скопје конечно  се стекна со извод на родени и е запишано во матичната книга. Нејзиното семејство вели дека само упорноста довела до успешен резултат, бидејќи низ системските пропусти и барања со години се мачеле да стигнат до потребната документација. 

Од Канцеларијата на Народиот правобранител велат дека иако од семејството на девојчето им биле побарани куп документи целата постапка можела да помине со едноставна процедура,  два податоци од Клиниката за гинекологија  каде што девојчето било родено пред 13 години. Овој случај не е единствен- вели омбдусманот Зибери.  Во земјава има околу 700 лица фантоми кои се борат да бидат внесени во системот. 

Народниот правобранител апелира сите кои се соочуваат со вакви проблеми, односно немање на лични и здравствени документи, да се упатат во неговите канцеларии со цел да се решат ваквите проблеми.