Зибери го повика МВР да биде поефикасно: Голем број исправи се ставени на страна и граѓаните не може да си ги подигнат

 

До Народниот правобранител пристигнуваат преставки на граѓаните во однос на неможноста да си ги подигнат личните документи. Во изминатите два месеца стигнале 50 претставки за лични документи по разна основа - неможноста да се подигне документот, да се закаже термин или за надомест на трошок бидејќи рокот на важноста на старите не е истечен.

Народниот правобранител Насер Зибери на брифинг со новинарите се осврна на групата граѓани што веќе го поминале процесот на фотографирање, потоа и процесот на обработка и одобрување, но документите не им се издаваат, што е проблематично.

„Предводејќи се од претставките, народниот правобранител во два наврата ги посети главните пункови во Скопје, при што се потврдија наводите во претставките дека сериозен број исправи – лични карти, дозволи, па и патни исправи, се ставени на страна и органот нема увид за нивното распределување, односно издавање“, рече Зибери.