Зиадин Села ги доби печатите на Алијансата за Албанците
Зијадин села ги доби печатите на алијансата за албанците, потврдија за ТВ 24 од Алијанса за Албанците. Одлуката е донесена во Основниот суд во Тетово каде по расколот во партијата меѓу двете крила на Арбен Таравари и Зијадин Села беше поведена постапкан за да се одлучи кој има право да ја води партијата АА.
Со судската одлука, печатите му припаднаа на крилото на Села. Тоа крило веќе одлучи да се приклучи на коалицијата европски фронт предводена од ДУИ. Крилото на таравари пак се приклучи на коалиција вреди, во која се опозициските партии на Албанците, а самиот Таравари е претседателски кандидат.