Жосеф Борел слета во Скопје, какви пораки носи?
Првиот човек на европската дипломатија Жосеп Борел пристигна во Скопје. Какви пораки ќе донесе од Брисел и дали македонската влада ќе бара европска интервенција за брз датум за старт на преговорите со ЕУ?
Борел пристигна еден ден пред официјалните средби со државниот врв, а според информации на тв24 се очекува денеска да има само работна вечера со евроамбасадорот во земјава Гир. За Вицепремиерот Маричиќ, доаѓањето на Борел е добар сигнал дека Македонија и регионот остануваат во фокусот на Европската Унија.
- Очекувам да разговараме за украинската криза и за нашата регионална соработка којашто е препозаена како извор на стабилност и безбедност, како и за заложбите за европска интеграција на Западен Балкан кон Европската Унија, во што е можно побрзи рокови. - изјави Бојан Маричиќ вицепремиер за европски прашања.
Ескспертите очекуваат Борел утре на држаниот врв да му даде поддршка за единствениот став во однос на украинската криза и руската инвазија, но според нив тоа нема да биде доволно. Постои надеж, но без голем оптимизам дека Борел ќе најави поголем ангажман на ЕУ за долгоочекуваниот датум за старт на преговорите на Македонија со ЕУ.
- Сето тоа нема да биде доволно ако господинот Борел не донесе една посилна порака во однос на отворањето на преговорите на Унијата со Македонија и Албанија. Односно ако остане на она што веќе го кажаа амбасадорот на Европската унија овде и претставникот на претседателството, тоа нема да опбезбеди кредибилитет на поддршката на Европската Унија. - изјави Малинка Ристевска Јорданова ЕПИ.
Првиот дипломат на ЕУ утре ќе се сретне со претседателот Пендаровски, премиерот Ковачевски, со шефот на дипломатијата и министерката за одбрана , но и со претседателот на Собранието.Од Скопје Борел тридневната балканска турнеја ќе ја продолжи во Тирана , па во Сараево.