„Жолти елеци“: Нотр Дам не е единствениот проблем на Франција
Foto

„Жолти елеци“: Нотр Дам не е единствениот проблем на Франција

Опожарената катедрала Нотр Дам не е единствениот проблем во Франција што треба да се реши, порачаа денеска претставниците на движењето „Жолти елеци“ кои денеска го организираат 23 протетст по ред во сите поголеми француски градови. Протестот во Париз се одржа пред зградата на француското Министерство за финансии, каде демонстрантите потсетија на нивните барања.

„Нотр Дам не е единствениот проблем. Ние бараме намалување на даноците за работниците и пензионерите и зголемување на даноците за богатите.“ - велат „Жолти елеци“.

Еден од лидерите на „Жолтите елеци“, Пјер Дерие на својот профил на Фејсбук објави дека движењето е целосно разочарано од несериозноста на властите во однос на прашањето за сиромаштијата во Франција.

„Жолтите елеци се крајно незадоволни затоа што за четири дена е собрана милијарда за камења, а за сиромаштијата ништо.“ - вели Пјер Дерие – лидер на „Жолтите елеци“.

Француската полиција ангажираше 60 илјади полицајци и иако беше категорична дека нема да дозволат никакви собири во близина на Богородичната црква во Париз, секак група демонстранти се собраа близу катедралата, а околу 200 лица се обиделе насилно да влезат во Елисејската палата.Според француските медиуми, во текот на денешните протести, полицијата привела околу 70 лица.

Француското Министерство за внатрешни работи вчера соопшти дека за време на денешните протести ширум Франција ќе бидат распоредени околу 60.000 полицајци, потенцирајќи дека нема да бидат дозволени собири околу Нотр Дам.

 

0 Коментари

Остави коментари