Жолчна расправија во Собранието за изборите

Собранискиот спикер Талат Џафери нема да ја стави на дневен ред иницијативата на ВМРО ДПМНЕ за распуштање на собранието додека партиите не се договорат за евентуалното одење на предвремени парламентарни избори кое е условено со 100 дена техничка влада. Објаснувајќи ја процедурата на брифинг со новинарите посочи оти има и втора опција за распуштање на законодавниот дом а тоа е со собирање на 61 потпис, но и за тоа ќе треба политички договор. Појаснувајќи ги роковите пак за престојните избори за шеф на државата посочи дека:

„Крајниот рок за да ги распише претседателските избори е 8 февруари. Тоа би значело дека првиот круг на изборите би се одржал на 21 април а вториот на 5 ти мај. Парламентот согласно процедурите ќе работи до почетокот на кампањата.“

На новинарско прашање дали ќе се кандидира за претседател на државата рече дека тој е претседател на Законодавниот дом и оти лично тој не размислувал за кандидатура но не одговори дали ќе прифати доколку му биде предложена оваа опција од партијата или од коалициските парнери во власта . Сепак посочи дека легитимни се сите комбинации кои се дело на политички договор. Во случај да не биде постигнат потребниот цензус за избор на шеф на држава тој ќе ја извршува функцијата до распишување на нови претседателски избори. Непосредно пред денешнат седницата за пратенички прашања Џефери веќе ги и информираше новинарите дека од денеска и официјално седниците ќе почне да ги води и на албански јазик.

На ова остро се спротистави кординаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски кој рече дека со ова се крши деловникот за работа, а за реплика се јави и кординаторот на владејачката СДСМ Јован Митревски кој пак рече оти законот е во интерес на сите граѓани и во насока на концептот едно општество за сите. Собранискиот спикер Џафери и по оваа расправа ја продолжи седницата на албански потенцирајќи дека законот веќе е стапен на сила и дека доволно време ја чекал неговата примена. На брифнгот со новинарите пак веќе информираше и дека во наредните 6 месеци ќе биде сменета и собраниската табла, но тоа ќе се случи откако и официјално земјата ќе го промени името.