Животен стандард: Ниски плати и огромни цени

Просечната исплатена плата во февруари годинава изнесува 39 276 денари. Државниот завод за статистика во својот најнов извештај објави дека за една година висината на платите е зголемена за 16,5 отсто.

Највисоките плати со години ги заработуваат компјуитерџиите ИТ техничарите и вработените во телекомуникациските компании-речиси 76 илјади денари. 

Во преработувачката индустрија, просечната плата е 34 илјади денари. Вработените во во финансиски дејности заработуваат околу 54 013 денари, во енергетските компании пак, 52 000 денари. Вработените во транспортот во просек заработуваат околу 600 евра, како и вработените во административните дејности, трговијата на големо и мало, градежништво.

Минималната кошница за април е 60 212 денари. Минатиот месец на едно четиричлено семејство, му биле потребни скоро илјада евра за да се подмират месечните трошоци. Додека пак, трошоците за храна и пијалоци за овој месец изнесуваат -22 200 денари.

Првиот синдикалец, Слободан Трендафилов со критики- креаторите на политиките покажале дека водат грижа само за себе, а не и за работниците. Работниците во Македонија од месец јануари до месец април се посиромашни, месечно за околу 3000 денари.

„Синдикалната минимална кошничка, за потсетување, не ја пресметуваме за да им покажеме на работниците со колку можат да преживеат туку ја пресметуваме за да им покажеме  дека не се живее ни со толку на креаторите на политиките. Лесно е да креирате политики со 2 500 евра-тешко е да преживеете со 22 500 денари.“ - вели Трендафилов.

Цената на лебот не се менува, но не се знае што ќе се случува во однос на блискоисточната војна- што директно се рефлектира на цената на нафтата, но не се знае ни што ќе се случува и жетвата во Русија и Украина..

„Сметаме дека во овој момент ќе имаме стабилна, иста цена на лебот.“ - вели Горан Ѓорѓиевски-потпретседател на Сојуз на стопански комори.

Изминативе години, голем број на работници заминуваат од Македонија поради подобри услови за работа и повисоки плати. За да се намали трендот на заминување од државата поради ниските примања, платите треба да растат за државата да ги задржи работниците.

Но, од Светска банка потенцираа дека растот на платите во Македонија е вештачки, односно не е во согласност со продуктивноста на работниците- што е опасност од ново подгревање на инфлацијата. Народната банка пак оцени дека укинувањето на мерката за замрзнати цени веднаш придонесе за зголемување на инфлацијата.