Живот по контејнери - собирачи на пластика се повеќе по струмичките улици
Foto

Живот по контејнери - собирачи на пластика се повеќе по струмичките улици

Расте бројот на неформалните собирачи на отпад. По струмичките улици секојдневно може да се видат луѓе со колички како собираат пластика, хартија и старо железо. Тврдат дека тоа им е единствен извор на егзистенција оти ниту работат ниту примаат социјална помош. Еден од нив е Муса Караманов кој вели дека мора да го прехрани своето петчлено семејство. 

Караманов тврди дека низ струмичките улици има околу 500 собирачи на пластика. Секој си го знае реонот каде што собира. Караманов дневно заработувал по околу 200 денари колку за леб да однесе. Други пак се срамеа да застанат пред нашата камера, но, тврдат дека живот по контејнери не е живот.

Во откупните пуктови тврдат дека во Струмица има повеќе од 500 собирачи на пластика, главно станува збор за лица со миниминални примања или воопшто немаат извори за егзистенција.

Килограма пластика се откупува под цена од 10-тина денари.

0 Коментари

Остави коментари