Живот на кредит
Foto

Живот на кредит

Бранот на зголемување на цените сѐ повеќе зема замав. Македонија влезе во зоната на двоцифрена инфлација.

По новото второ зголемување на референтната камата за дополнителни 0.25 проценти, неизвесно е поскапување на кредитите за граѓаните и фирмите, но за колку засега не се знае. И натаму се калкулира.  

За дел од економистите потегот на Централанта банка во време на растечка инфлација е очекуван, а истовремено повикуваат и на внимателност на фискалната политика. 

Надлежните тврдат инфлацијата е надворешна. Преку даночните ослободувања, кои беа дел од сетот од 26-мерки, според надлежните се ублажува влијанието од кризата.  

„Состојбите постојано се следат и доколку се покаже потреба ќе се преземаат мерки навремено и согласно потребите. Во моментов се подготвува и ребаланс на Буџетот со кој ќе се одговори на новонастанатата состојба од енергетската криза, ценовниот притисок и војната во Украина.“ - велат од Министерствоо за финансии.

Граѓаните стравуваат од уште повисока инфлација. Според последните информации од Народната банка, заклучно со првиот кавртал од годинава вкупната кредитна изложеност на банките кон фирмите и кон граѓаните изнесувала 6,4 милијради евра. 

 

                                   Кредити ( прв квартал 2022) 

 

Домаќинства                                             3,3 милијарди евра 

Фирми                                                        3,1 милијарди евра  

 

Во март во споредба со февруари крдитирањето е зголемено за 1,7% додека на годишна основа 9,8 %. Граѓаните најмногу должат по основ на потрошувачки кредити  - според податоците на крајот на март бројките изнесуваат 1,7 милијради евра, а за станбени кредити скоро 1,1 милијарда евра. 

Во март забележано е намалување на каматата за вкупните кредити и според податоците од НБМ просечната каматна стапка на вкупните кредити изнесувала 4,3 %. 

Еве колку изнесуваа каматите за кредитите во првиот кавртал: 

 

   ПРОСЕЧНА КАМАТА - КРЕДИТИ

 

Вкупни кредити                               4,30% 

Кредити за домаќаинства              5,11% 

Кредити за фирми                          3,43% 

извор:НБМ  

 

Вкупните депозити на крајот од март изнесувале скоро 7,4 милијарди евра. По најновото зголемување на основната каматна стапка од страна на Народната банка, од македонската банкарска асоцијација велат се следат сигналите на монтеранта политика. Секоја банка прави проценка за евентуално менување на каматите и кај кредитите и кај депозитите.

0 Коментари

Остави коментари