"Живнува" Преспанското Езеро, водостојот зголемен за речиси метар и половина

"Живнува" Преспанското Езеро.За шест месеци  водостојот се зголемил за скоро метар и половина.

Од секторот за животна средина од Општина Ресен велат освен што се полни, трендот на празнење на езерото го нема,а во просек со уште две вакви Хидролошки години нивото на езерото ќе се врати како во 2000 година. 

Добра вест велат екологистите е што се намалува и загадувањето на почвата кое беше еден од причините за лошата состојба на езерото, бидејќи се повеќе овоштари се насочуваат кон органско производство и употреба на органски препарати и ѓубрива. 

Изминатите неколку години состојбата со Преспанското Езеро беше крајно алармантна. Водниот басен неконтролирано се намалуваше, а цели брегови остануваа пресушени на површината.

Оваа пролет езерото „дише“ малку полесно поради дождовите, но севкупниот волумен на вода е за околу 60% помал во однос на состојбата од пред шест децении, што бара постојана будност и долгорочни решенија.