Живковски: На најмалку пет геодетски фирми им се одземени лиценците
Откако лани премиерот Христијан Мицкоски кажа дека Катастарот се ослободува од криминалот без да соопшти детали, годинава по барање на директорот на Катастарот ревизори ја проверуваат работата на Агенцијата.
Внатрешната контрола на Агенцијата за катастар на недвижности им ги одзела лиценците на најмалку пет геодоски фирми во државата. Причината за тоа се неприкажување на реална фактичка состојба на терен, вели директорот Иван Живковски во интервју за Радио Слободна Европа.

