Живеење или преживување?

Од март се зголемува минималната плата. Усогласувањето е според Законот и согласно новата методологија, од 20.175 денари, минималецот ќе се зголеми на 22.500 денари. 

И додека незадоволството на работниците од ден на ден се зголемува, сметките на функционерите пак и понатаму стануваат сè подебели. Револтирани граѓани на улица погласни од било кога разочарано велат, колку и да се зголеми платата не е доволно за нормална живеачка, бидејќи, во време на висока инфлација, парите ја губат вредноста.  

Факт е дека ова зголемување на минималецот ни од далеку не може да се спореди со првичното покачување на функционерските плати за 78 отсто и плус новите 400 евра од Нова година, а милостината за граѓаните од 2 илјади денари не може да ги покрие основните трошоци за живот, потврдува Кристина Ампева, од невладината “Гласен Текстилец”

Усогласувањето на минималецот нема да предизвика удар врз стопанството, ниту нови отпуштања на вработени, вели за ТВ 24, Анѓел Димитров од Организацијата на работодавачи. 

Инаку, според Евростат висината на минималната плата која ја земаат дел од вработените во Македонија е најниска заедно со онаа која ја добиваат граѓаните на Босна и Херцеговина, а доколку направиме споредба со земјите од сосетството ќе се забележи дека со следното зголемување од март ќе бидеме на речиси идентична сума со минималецот кој се исплаќа во Албанија, односно 350 евра.