Жителите на Лабуништа ќе ги бојкотираат изборите ако не згасне и последниот активен каменолом
Foto

Жителите на Лабуништа ќе ги бојкотираат изборите ако не згасне и последниот активен каменолом

Да се одземат концесиите на сите каменоломи или Лабуништани ќе ги бојкотираат изборите порачуваат од Здружението Натура лаб.

Прашањето со каменоломите се провлекува повеќе од четири години а досега иако беше ветено дека на сите постоечки каменоломи во селото ќе им се одземат концесииите тоа официјално уште не се случи.

Во моментов активен е само еден каменолом, на еден му се раскина договорот, другите сами се повлекоа но додека и тој не се затвори жителите на ова населено место нема да отстапат од барањата целосно да се спасат од изворот на болести во нивното место на живеење.

Министерот за економија Бектеши кој уште пред година и половина лично на мештаните им ветуваше дека сите концесии ќе бидат раскинати сега повторно тврди дека проблемот наскоро ќе биде целосно решен.

Каменоломите изминативе години претставуваа голем проблем за Лабуништани.Секојдневно жителите живеа со звукот на постојани детонации, минирања и разорувања на планината кои значително го покачија ризикот од белодробни, канцерогени и кардиоваскуларни заболувања.

Жителите очекуваат дека кога ќе се стави клуч и на последниот каменолом ќе им се врати чистиот воздух  и здравиот живот под Јабланица онаков каков што бил пред уништувањето на планината.

0 Коментари

Остави коментари