Жителите на Грац палат свеќи во центарот на градот
Австрискиот град Грац во шок во убиството на 10 лица во средно училиште.
Од денеска во Австрија прогласена е тридневна жалост, знамињата на владините објекти се спуштени на половина копје а голем број настани се откажани.
Синоќа стотици граѓани го исполнија главниот плоштад во градот каде се палеа свеќи за загинатите.
Според последните информации, убиецот, 21-годишен жител на регионот Штаерска, во училиштето влегол опремен со пиштол и пушка, кои легално ги поседувал. Тој бил невработен и го напуштил училиштето без да дипломира. Според австиските медиуми, во писмото кое го оставил, навел дека се чуствува како жртва на малтретирање.