Жителите на Долна и Горна Бањица не се откажуваат од плодното земјиште во корист на автопатите

Жителите на гостиварските села Горна и Долна Бањица добија негативен одговор од директорот за државните патишта Ејуп Рустеми, во врска со нивните плодни ниви кои треба да бидат искористени како дел од трасата по која ќе поминува еден од најавените автопати кои треба да ги градат Бехтел и Енка.

Во интервју за ТВ 24 Рустеми потврди дека го разгледале предлогот на жителите на овие села, кампусот наместо на нивните имоти, да биде стациониран во касарна во Гостивар која не функционира уште од времено на Југославија. Но, директорот вели веќе е донесен планот и ако тој сега се промени тоа може да ја пролонгира градежната работа. 

„Кампот кај што ќе биде лоциран и трасата кај што ќе поминува тоа се определува според урбанистичкиот проект, Врз основа на урбанистичкиот проект кој е одобрен од страна на влада, ние врз основа на тоа ги изготвуваме геодетските елаборати, и врз основа на тие елаборати, се врши и експропријација.„Одговорот е дека работата е завршена, така? Кампусот ќе биде на нивите?“ Секое пролонцирање на работите значи враќање назад за шест месеци или една година повеќе.“ - вели Рустеми.

Информациите до кои дојде ТВ 24 се дека жителите на гостиварските села договориле уште една средба со надлежните. Во понеделник во владата повторно треба да се сретнат и да побараат заедничко решение околу нивните имоти, бидејќи на поголемиот дел од жителите тоа им е и единствениот начин на егзистенција. Со  краток допис тие ни соопштија дека немаат намара да ги отстапат нивите на државата.

„Од нашите ниви не се откажуваме по ниту една цена. Ако треба ќе спиеме на нивите, ама багери таму нема да пристапат. Ние веќе започнавме со сезонското орање и сеење. Градежната база на Бехтел и Енка да си бара нова локација.“ - велат жителите на Горна и Долна Бањица.

Според информациите, државата на сопствениците на плодните ниви им нуди по нешто над 10 евра за метар квадратен обештетување, односно експропријација. Засега градежни на проектите на Бехрел и Енка нема, иако лани државата на нивните сметки им префрли 170 милиони евра, за годинава се предвидени 250 милиони евра.