Жители Бутел на протести бидејќи град Скопје ќе гради улица преку земјиште кое сега го користат
Жителите од населбата Бутел 1 излегоа на протести откако добиле решение од градот до утре да го отстапат просторот за изградба на улица. Станува збор за 16 тина куќи на улицата Хо Ши Мин кои треба да ги расчистат дворните места простор кој како што велат мештаните го користат скоро 60 години и за тоа се плаќало.
Градот планира да ја пробива улицата Боца Иванова, која треба да минува точно пред куќите со број од 425 до 439. Ова сообраќајно решение би требало да го поврзе кружниот тек во Бутел и протега до булеварот Христијан Тодоровски Карпош, како што е зацртано во Генералниот урбанистички план 2012-2022 година. Но зошто толку се брза?
Соопштението за отстапување на просторот до жителите стигнало наместо одговор на нивната петиција доставена до градоначалничката Данела Арсовска, во која тие бараат трасата за предвидената улица да се помести само за неколку метри за да не им ги одземе дворовите, кои тие ги користат цел живот.
Подршка за овие 16 фамилии добиваат и од општината Бутел кои како што велеат дека испратиле допис до градот за променување на трасата.
Градот Скопје останува на ставот дека булеварското решение е нереализирано барање на граѓаните со децении, а истите го гласаа во програмата за модерно Скопје, како еден од приоритетите за реализација.
- Општина Бутел нема доставено нов или измена ДУП-от, ниту е предвидена изградба на згради. Детален урбанистички план носи општината а до овој момент нема стигнато за разгледување на ДУП за оваа локација. - велат од Град Скопје.
Според град Скопје фактите покажувале за узурпирање на државно земјиште. Не може правото на малкумина да го узурпира правото на мнозинството додека пак општина Бутел веќе на наредната седница што треба да се одржи на 15-ти месецов ќе поведе иницијатива за поништување на маркиците за зградите од ДУП-от во минатото додаде градоначалникот на Бутел Костовски.