Жиру му обезбеди значајни три бода на Челзи во борбата за место во ЛШ
Foto

Жиру му обезбеди значајни три бода на Челзи во борбата за место во ЛШ

Францускиот интернационалец во дресот на Челзи, Оливие Жиру му донесе многу важна победа (1:0) на својот тим, на дуелот одигран синоќа против Норвич во 36. коло од шампионатот на Англија.

Жиру го постигна единствениот гол на средбата, на крајот од првото полувреме.

Со новите три бода, Челзи се зацврсти на третото место на табелата во Премиер лигата. „Сините“ сега имаат четири бодови повеќе во однос на конкурентите за пласман во Лигата на шампионите, Манчестер јунајтед и Лестер. Овие две екипи своите средби од ова кола ќе ги играат утре.

Норвич од неодамна ги загуби теоретски шанси за опстанок и следната сезона ќе второлигаш.

0 Коментари

Остави коментари