Жестока претседателската дебата во Киев
Foto

Жестока претседателската дебата во Киев

На олимпискиот стадион во Киев се одржа претседателската дебата на која сегашниот претседател Петро Порошенко и неговиот противкандидат, комичарот Володомир Зеленски, пред утрешните избори, ги изнесоа нивните програми, но главно разменуваа навреди и обвинувања. Двајцата на почетокот на дебатата се ракуваа. Зеленски изјави дека се кандидира за претседател за да го разбие системот кој го воспостави сегашниот претседател Петро Порошенко.

„Јас сум само човек, едноставен човек, кој доаѓа да го уништи овој систем. На минатите избори го поддржав Порошенко, но погрешив. Погрешивме. Не знаевме дека неговиот нов живот ќе значи наше преживување“.  изјави Володомир Зеленски – кандидат за претседател.

Зеленски го провоцираше Порошенко како може најсиромашната земја во Европа да ја предводи најбогат претседател. Порошенко го обвини противникот дека нема капацитет да ја води земјата. Украинскиот народ има право да знае што планира да направи претседателскиот кандидат, рече Порошенко.

„Не си искусен. Претседателот треба да ја води земјата, а не неговите помошници и советници“. - изјави Петро Порошенко – претседател на Украина.

На крајот на дебатата, Зеленски и Порошенко застанаа еден покрај друг и ја испееја националната химна. Вториот круг од претседателските избори во Украина е утре, а во првиот Зеленски освои 30 насто, а порошенко 15, 9 насто гласови.

0 Коментари

Остави коментари