Жестока дебата за законските измени за Академијата за судии и јавни обвинители

Кандидати блиски до власта да станат идни судии и обвинители или одблокирање на примениот испит за последната генерација слушатели на Академијата кој заглави поради тендерот за електрoнски софтвер.

Власта и опозицијата на пленарната седница во Собранието повторно ги судрија аргументите за измените на предлог-законот за Aкадемијата за судии и јавни обвинители. Според опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека со законските измени не се бираат најдобрите туку најподобните.

Пратениците од власта пак велат дека од опозицијата го блокираат носењето на ова законското решение. 

Законските измени кои овозможуваат писмено полагање на испит, во случај кога не функционира електронскиот систем за полагање е предлог на министерството за правда. Според ресорниот министер Лога, измените не се мешање во работата на Академијата. Речиси три месеци е блокиран процесот на полагање во академијата за судии и јавни обвинители откако владата не набави нов софтвер за полагање на испитите.

Предвидено е да бидат тестирани околу 300 кандидати и од нив треба да се изберат 130.