Жесток израелски напад врз центарот на Бејрут - Цела станбена зграда срамнета со земја, најмалку 11 жртви
Два израелски воздушни напада вечерва го погодија центарот на Бејрут. Цела станбена зграда е срамнета со земја, изјави либански безбедносен извор за „Си-Ен-Ен“ и додаде оти стравува од масовни жртви.
Квартот Горна Баста, во кој е погодена повеќекатница, е густо населен дел од градот во кој засолниште најдоа стотици луѓе по интензивните израелски напади врз јужен Бејрут и други делови на Ливан во последните денови.
На местото на израелскиот воздушен удар се пристигнати голем број на возила на Итната медицинска помош, се слушаат и истрели од огнено оружје, а на небото над тој дел од градот се издигна густ црн чад.