Жешкото време ги раздразнува и влекачите - нов случај на каснување од змија во Велес

Нов случај од каснување на змија. 74 годишен жител од Велес бил каснат од змија вчера додека ги миел рацете во дворот од неговата куќа во село Ваница.

Од Општата болница Велес велат дека пациентот ноќва бил задржан на оделот за интерни болести и под опсервација на лекарите. По подобрување на неговата состојба денеска бил пуштен на домашно лекување.

„Пациентот е задржан на одделот за интерни болести третиран од медицински аспект. Утрово во 8 часот е консултиран инфектолог и пациентот е испишан во добра општа состојба на домашно лекување е во моментов со даден совет.“ - вели Марина Андова портпарол на Општата болница Велес.

Експертите за влекачи велат дека очекувано е периодов да бидат поактивни змиите и дека горештините може да ја зголемат агресивноста кај нив, но истовремено апелираат наместо паника потребна е едукација кај граѓаните.

„Можеби сега се повидливи и поради тоа луѓето повеќе паничат. Според мене фали малку повеќе едукација, а и интерес во јавноста во смисла да се едуцираат на темата какви се змии имаме кои се околу нас да го направиме тоа во една приказна за децата или за оние помладите како како би ги заинтересирале повеќе да учат или да бидат љубопитни за прирордата а малку по малку да ја намалиме целата драма.“ - вели Војо Иванов експерт за влекачи.

Докторите од Универзтитетската клиника за токсикологија каде деновиве беше хоспитализиран пациент каснат од пајакот црна вдовица велат дека периодов бележат се поголем број на информации за присуство на одредени влекачи во урбаните средини во градовите и во населените места и апелираат на претпазливост кај граѓаните.

- На нашето подневје имаме два вида на змии поскок и шарка кој што прилично имаат силен отров кој што дури некогаш може да предизвикаат и смрт затоа максимална претпазливост каде што има растенија и трева висока посебно да внимаваат на децата бидејќи тиа секогаш сакаат да влезат и да истражат што има. - вели проф. др Андон Чибишев директор на УКЗ токсикологија.

Доколку се случи каснување првата препорака на докторите да не се паничи туку веднаш да се упатат до првата најблиска здравствена институција.