Жешко во град Скопје, вербална расправија меѓу Арсовска и Славевски
Вербални расправии и навреди на седницата на советот на град Скопје. Повторно на релација ВМРО-ДПМНЕ - Данела Арсовска. Откако советниците од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ упатија бројни критики, арсовска побара збор.
Претседателот на Советот на град Скопје Трајко Славевски ја предупреди дека репликите и дофрлувањата мора да завршат, во интерес на времето, но првиот човек на Советот на град Скопје сепак и дозволи на Арсовска да зборува.