Жешка есен во Уставен суд: Иницијативата за хашките случаи ја разбранува ДУИ

Жешка политичка есен се очекува во Уставниот суд , откако висок владин функционер за ТВ 24 најавува дека планот е уште во септември Собранието да ја почне постапката за избор на нов уставен судија по оставката на Гоце Наумовски, со што судот би бил конечно комплетен.

Комплетирање на Судот чека одлуката за дел од оспорените одредби на законот за употреба на јазиците , кој е со најдолг стаж на чекање во Судот, односно предметот е од 2018 година или за одлука се  чека цели осум години.

На полн состав во Уставниот суд чека и вториот Протокол со Бугарија   , како и предметот што најмногу предизвикува политички реакции - за хашките случаи. Во тој предмет станува збор за четири судски предмети, кои во 2008 година беа вратени од Хашкиот трибунал во Македонија, за да бидат процесирани во домашното правосудство.

Делата се однесуваат на тринаесет киднапирани Македонци од страна на ОНА или случајот „Непроштено“, затворањето на вентилите од Липковско Езеро малтретирањето на градежните работници од ГП „Маврово“ и за делата на командна одговорност на раководството на ОНА. Сите се сторени за време на конфликтот во Македонија во 2001 година. Од судот само официјално најавуваат со што ќе стартуваат во септември 

Уставен суд 

- На следната седница на Уставниот суд, која е предвидено да се одржи кон средината на септември, ќе бидат разгледани и повторно ставени на одлучување сите предмети за кои во претходниот период не беше обезбедено потребното мнозинство за донесување одлука. Меѓу нив се и предметите што се однесуваат на платите на јавните обвинители, Изборниот законик.

Хашките случаи  веќе предизвика низа реакции, лидерот на ДУИ Али АХмети во интервју за Коха Каст  ги квалификуваше како исклучиво политички со една цел како што рече да и се наштети на ДУИ 

Али Ахмети Дуи 

- Имам информации дека има иницијативи во Уставниот суд за отворање на случаите на Хашкиот трибунал за покренување обвинение против Националната ослободителна армија за воени злосторства.Не дека ме плаши, но отворањето стари рани е поболно од отворањето нова рана. Ова се случаи што ги затворивме пред повеќе од 20 години

Хашките случаи  се затворија со политички дил меѓу Никоал Груевски и Али Ахмети при составувањето на Валдата во 2011 година, со автентично толкување во Собранието,  многу експерти по меѓународно право го квалификува акако неправно, сосонебо што воени злосторства не застаруваат.