Женскиот Суперкуп на Европа одложен за денес поради однесувањето на навивачите
Суперкупот на Европа во кошарка женска конкуренција ќе продолжи денес без присуство на навивачи.
Натпреварот меѓу женските тимови на Бешикташ и Фенербахче во Истанбул почна вчера, но беше прекинат по само две минути во првата четвртина поради однесувањето на навивачите на трибините.
По консултација со раководството на двата клуба и земајќи ја предвид безбедноста на играчите и тимските делегации, ФИБА Европа одлучи натпреварот да продолжи во четврток, 3 октомври, во 16 часот по локално време (15 часот по македонско време), но без навивачи, стои во соопштението на ФИБА.
Инцидентот се случи по 1 минута и 56 секунди откако гледачи фрлија запаливи и експлозивни средства на теренот. Кошаркарките на двата тима и судиите заминаа во соблекувалната.