Женската кошаркарска репрезентација со скок на ФИБА листата
Foto

Женската кошаркарска репрезентација со скок на ФИБА листата

Женската сениорска кошаркарска репрезентација направи скок од четири места на најновата табела на ФИБА.

Според табелата, со вкупно 82,1 поени, Северна Македонија е рангирана на 37 место во Европа, односно на 75. позиција во светски рамки.

Репрезентацијата на САД е на врвот од табелата, пред Шпанија која е втора, и Австралија која се наоѓа на третото место.

Од репрезентациите кои се во нашата квалификациска група за Евробаскетот 2023, Белгија е шестопласирана во светски рамки, Босна и Херцеговина е на 27. место, додека, Германија е на 38. место во светот.

0 Коментари

Остави коментари