Жените во Македонија земаат за 13% пониска плата од мажите на исто работно место

Дигиталниот свет има далеку поголем потенцијал од традиционалниот да биде поеднаков и да понуди еднакви права и можности за сите, вели претседателката на Алијансата за родова еднаквост на работно место, Нина Ангеловска. Недоволната застапеност на жените претставува загуба за бизнисите, економиите и општествата.Ангеловска потенцира дека Алијансата за родова еднаквост се стреми за промоција за еднакви можности, еднаква застапеност и еднакво валоризирање на трудот на работното место. 

 

Родовата еднаквост на работното место е нешто за кое ние како земја и како амбасада се залагаме за оваа тема, вели заменик-амбасадорката на Кралството Шведска во Македонија. Посочи дека минатата година Шведска во однос на процентот на жени на раководни позиции беше рангирана како земја на прво место. 

 

Во време на економска неизвесност, трансформација на пазарот на труд и сè поголем притисок врз лидерството, на денешната конференцијата EqualXChange 2026 беше посочено дека се отвора простор за поинакви, порелевантни разговори, фокусирани на тоа како се носат одлуки, како се водат луѓе и како се гради одржлив раст.