Жена насилно и нелегално наплаќала за влез во Куклица

На социјалните мрежи и на дел од порталите се појавија неколку видео материјали на кои се гледа како жена нелегално бара да наплати влезница на туристи  за посета на локалитетот „Куклица“ во Кратовско, кој е еден од најпознатите природни феномени во Македонија прогласен за споменик на културата. ТВ 24 поразговара со Марио Станојковски кој е еден од мештаните и видно револтиран што ова се случува во неговиот град...