Жена ги убила сопругот и свекорот во семејната куќа во Kратово

Двојно убиство се случи вчеравечер во Кратово, откако 36-годишна жена со нож ги убила сопругот и свекорот.

Според информациите од полицијата, жената е приведена и задржана во полициска станица, а како што најавија оттаму, по целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

На ова убиство, што се случи вчеравечер му претходеле повеќе пријави, односно снаата или сега веќе двократниот убиец, досега повеќепати пријавувала физичка загрозеност. 

Иако во изминатите пет години имало вкупно три поплаки и една кривична пријава за насилство во ова семејство, сепак мотивите за двојното убиство во Кратово допрва ќе бидат истражувани, а прашањето кое се наметнува после ваквото свирепо и грозоморно убиство е, колку институциите и нивната функционалност можеле да го спречат ваковиот исход?