Жељко Бодрожиќ за ТВ 24: Очекуваме конечен пад на режимот кој ја ограбуваше Србија

Очекуваме конечен пад на режимот кој ја ограбуваше Србија – тоа е она што вечерва ќе му биде порачано на претседателот Вучиќ, со надеж дека наредните денови ќе биде појасно како Србија ќе се движи кон нови, фер и демократски избори - вели во интервју за Телевизија 24 новинарот Жељко Бодрожиќ, кој истовремено е и претседател на Независното здружение на новинари во Србија. Разговорот го снимивме пред почетокот на големиот собир во Белград.