Железници тонат во долгови, владата префрла пари за плати

Нова буџетска инекција за Македонски железници. Владата му додели 2,5 милиони евра на МЖ транспорт, пари за плати, но и за враќање на долговите.

Оваа одлука е донесена на седница пред една недела, а е вонредна и не е дел од редовното субвенционирање на транспортот на патници. Одлуката доаѓа во момент кога ова претпријатие со дави во долгови. Минатата година ја заврши со дупка од дури 64,7 милиони евра.

Ставката разни трансфери е зголемена за 151.000.000 денари, кои ќе се користат наменски за исплата на плати и надоместоци од плата на вработените, како и плаќање обврски кон други доставувачи на „МЖ– транспорт АД Скопје.

Ова е втора субвенција за МЖ транспорт во последниве три месеци. НА 10 ноември лани овој загубар продаде акции и доби 16 милиони евра надвор од редовното субвенционирање, оти не можеше да си плати за струја. МАкедонските железници со години тонат во долгови. Двете претпријатија – транспорт и инфраструктура 2023 ја завршија со вкупен долг од 105 милиони евра, 5 милиони повеќе од претходната година, кога инфраструктура се задолжила за нови 8 милиони евра. И додека работниците во Траспорт постојано мораат да штрајкуваат за плати, во последните пет години, директори, советници и членови на надзорен одбор, од ова претпреијатие потрошиле околу еден милиони евра за нивните плати. Иако се променија повеќе директори, решение за колапсот не се најде.