ЖБОГАР БЕЗ КОМЕНТАР ЗА ПИСМОТО НА ВМРО-ДПМНЕ
Foto

ЖБОГАР БЕЗ КОМЕНТАР ЗА ПИСМОТО НА ВМРО-ДПМНЕ

Евроамбасадорот Самуел Жбогар нема коментар на писмото кое што на негова адреса стигна  од Христијан Мицксоки. 

Од ЕУ нема одговор дали нивниот шеф се согласува со критиките на опозцијата дека власта го злоупотребува механизмот евроспко знаменце за Законот за академијата за судии и јавни обвинители.   Во писмото кое синоќа стигна до Мисијата на ЕУ, токму на тоа се жали опозицијата. Од кабинетот на Жбогар, велат евроамбасадорот е на службено патување, откако ќе го разгледа писмото ќе го соопшти својот став. 

- Со новиот владин предлог-Закон за Академија за идни судии и јавни обвинители на прво место се ставаат дискрецијата, владината доминација и непотизмот, наместо квалитетот и мерит системот во правилата за полагање на приемните испити за Академијата.Со предлог законот исто така се злоупотребува знамето на ЕУ, но не за да се усогласи законот до некоја ЕУ регулатива, туку само за скратување на роковите за постигнување на политичката цел на власта да ги дерогира стандардите за упис на Академијата, со директно мешање на претставникот на мин. Правда во испитната комисија. - Писмо на ВМРО-ДПМНЕ до Самуел Жбогар, ФБ статус на Антонијо Милошоски – ВМРО-ДПМНЕ.

Предлагачот на законот со контрааргументи – од правда велат небулоза е дека се злоупотребува европското знаменце, бидејќи велат токму овој закон се усогласува со препораки на оценска мисија на Европската комисија за судии и јавни обвинители. 

Според власта со предлог - Законот за Академијата за судии и обвинители ќе обезбеди избор на кандидати со интегритет. 

- „Претставник на Министерството за правда предложен од министерот во Комисијата за прием и завршен испит е непроменето законско решение – односно истото е предвидено во постоечкиот закон донесен од ВМРО-ДПМНЕ во 2015 година. Улогата на Министерството за правда со еден претставник во седумчлена комисија каде останатите членови се судии и јавни обвинители е минорна, и е само во функција на одговорноста на Министерството за правда за надзор на примена на одредбите од законот.“ - Министерство за правда.

Власта и опозицијата пред извесен период ги вкрстија копјата за претходната измена на законот со која опозицијата обвинуваше дека власта ги намалува критериумите, според правда пак основна цел на законот е ревидирање на начинот на селекција и полагање на приемниот и завршниот испит пред стручна комисија, врз основа на мерливи и објективни критериуми за проценка на знаењето на кандидатите.

0 Коментари

Остави коментари