Жалба на невладина - оспорено името без претставката „Северна“

Уставниот суд на 14-ти септември ќе донесе одлука дали ќе ја уважи жалбата на невладиното здружение „Млади за Македонија“, чие име е оспорено од министерството за правда уште од 2018 година, бидејќи во себе не ја содржи претставката „Северна“.

Застапникот на невладиното студентско здружение „Млади за Македонија“, адвокатот Тони Менкиноски, по денешното рочиште изјави дека ова неформално здружение има генетско право да се идентификува како македонско и да г о користи поимот Македонија, додека од министерството за правда посочија дека остануваат на донесеното решение со кое се забранува употребата на терминот македонија, повикувајќи се на законот за здруженија, според кој овој термин може да се употребува само со одобрение од ресорното министерство.