Зградата на ректоратот на Штипскиот универзитет прва ќе добие фотонапонска централа

Универзитетот „Гоце Делчев“ ќе произведува струја за свои потреби.

Зградата на ректоратот во штипско Ново село е првиот објект на која ќе се постават фотоволтаици, а уште два објекти кои се дел од Кампус 2 во Штип исто така ќе добијат фотонапонски централи. Вкупната инвестиција е во вредност од околу 20 милиони денари, а поставувањето на истите ќе оди етапно, истакна ректорот на штипскиот Универзитет, Дејан Мираковски.

Трошоците за струја ќе се минимизираат, бидејќи производството од фотонапонските панели е доволно за задоволување на потребите на објектите, а од најголемата сончева централа на Кампус 2 ќе може и да се продава струја во мрежата. Средствата се од Буџетот на УГД, а според првичните анализи, се очекува за година и пол да се врати инвестицијата.