Зголемувањето на пензиите популистичка или оправдана мерка?
Foto

Зголемувањето на пензиите популистичка или оправдана мерка?

Покачувањето на пензиите не е популистичка предизборна мерка, туку очекуван раст кој го следи трендот на покачувањето на минималната и просечната плата, тврди министерката за труд и социјала Мила Царовска. Вели системот е стабилен и растот на пензиите не се коси со заложбите за намалување на дупката во ПИОП. Зголемувањето на буџетскиот колач пак, кој ќе оди за покривање на трошоците на фондот, тврди дека е резултат на субвенциите за раст на платите.

„Во случај кога минималната плата расте со над 15 проценти и просечната плата во претходната година расте над 5 проценти ги усогласуваме пензиите трет пат до максимум растот на просечната плата во државата. И со ова на некој начин правиме дополнителна индексација на пензиите, која што ќе значи следење на екомскиот раст и потенцијал во државата." - изјави Мила Царовска – министерка за труд и социјална политика.

Институт за економски анализи Finance Think мерката ја оцени како предизборен потег и предупреди дека се доведува во ризик имплементацијата на пензиската реформа. Сепак, првиот човек на ПИОМ тврди дека фондот е стабилен, бидејќи и приходите се зголемиле за 10 отсто.

„Постојат повеќе причини за ваквиот пораст имено покрај споменатиот пораст на 0,4 и следните причини доведоа до пораст на приходите, а тоа се: зголемување на платите на вработените и зголемување на бројот на осигуреници, односно новите вработувања." - изјави Шаип Зенељи – директор на ПИОМ.

Според стратегијата на пензискиот фонд во наредните години ќе расте и сумата за исплата на пензии и бројот на пензионери. Според нивните пресметки, до 2020 година бројот на пензионери ќе порасне за 10 илјади, а за редовна исплата на пензии, Фондот ќе треба да исплати повеќе од 1 милијарда евра.

0 Коментари

Остави коментари